Skip to product information
Машки комплет тренерка тегет со сиви рамена - предна страна
1/3

Машки комплет тренерка тегет со сиви рамена

ден 2,500.00

Тегет со сиви рамена — едноставен потег што ѝ дава на тренерката структура. Не е обична еднобојна, ама ниту вика со контрасти. Точно на средина, каде што повеќето мажи и се чувствуваат најдобро.

Горниот дел е во длабоко тегет, а градите, рамената и стоечката јака се во сива меланж, поделени со чиста хоризонтална линија. Патент до горе, два странични џеба со патент, ребрести манжетни и појас. Долниот дел е во тегет, со права ногавица. Материјалот е 65% памук и 35% ликра — мек, растеглив, издржлив на често перење.

Комплет тренерка со доволно детаљ да не изгледа досадно, а доволно мирна за да ја носиш и кај родители и во продавница. Од оние што влегуваат во ротација и остануваат таму.

  • Достава за 1 до 3 работни денови
  • Замена за поголема/помала големина.
  • Рефундација на парични средства

Може да ти се допаѓа и ова