Shipping policy
ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИ
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа (За Македонија) од моментот на потврдa на нарачката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.
Испораката се врши преку надворешни соработници.
Испорака во сабота до 15 часот, во недела и на државни празници не се врши
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.
Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.
Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ не може да превземе никаква одговорност.