Terms of service

Правила на купување

Оваа интернет страна, со домеин  trendsportmk.com во сопственост на ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба  и/или купување на производи и услуги.

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната trendsportmk.com внимателно да ги прочитате.

ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ  не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

ОПШТИ УСЛОВИ

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ  Скопје не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ и се заштитени со авторско право и сродните права.

Преземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерциални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна.

Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите. 

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот. 

ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ , го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

 - Постои ризик од губење на битни информации при преводот -    Нема иста или слична терминологија на македонски јазик.

 

ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИ

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот +389 75 654 644  кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот (од понеделник до петок) или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail: info@ trendsport-mk.com

ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИ

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа (За Македонија) од моментот на потврдa на нарачката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. 

Испораката се врши преку надворешни соработници.

Испорака во сабота до 15 часот, во недела и на државни празници не се врши 

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. 

Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. 

Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. 

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.  

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ТРЕНД СПОРТ ДООЕЛ  не може да превземе никаква одговорност.

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда. 

Производот/ите се спакувани во соодветни кеси, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. 

Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите.

Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за поддршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката или во порака на нашите социјални мрежи, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени. 

Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.