Милан - Домашен дрес 26/27
Милан се враќа таму каде што сè започна. По неколку сезони поинакви експерименти, домашниот дрес за сезоната 26/27 повторно ги носи широките црвено-црни ленти — истите по кои росонерите се препознаваат низ целиот свет. Инспирацијата доаѓа од дресот од 1998/99, сезоната кога клубот ја освои титулата во својата стота година.
Лентите се широки и одат по целото тело, и напред и назад, без прекини и без модерни доработки. Јаката и манжетните се црни со црвена линија во средината, а логото на Puma и спонзорот Emirates се во бела боја за чист контраст врз црвено-црната основа. На левиот ракав стои логото на MSC, во јаката е испишано „From Milan to the World“, а на задниот дел од вратот е печатен златен восочен печат со грбот на клубот. Комплетот го дополнуваат бели шорцеви и црни чорапи.
Ткаенината е лесна и пријатна за долго носење — на трибина, на терен или низ град. Црвено-црните ленти се комбинираат едноставно со фармерки и патики, па овој фудбалски дрес не бара повод за да се извади од плакарот. Обезбеди ја својата величина пред најбараните да се распродадат.
-
Достава за 1 до 3 работни денови
-
Замена за поголема/помала големина.
-
Рефундација на парични средства