Skip to product information
Арсенал - Ретро Дрес 2005/2006
Sale price
ден 1,299.00
Regular price
ден 1,899.00
Ова е дресот од последната сезона на Хајбери. Последна прошетка низ тунелот каде што се пишуваше историја. Арсенал во бордо, Тиери Анри во врвна форма и цел клуб со еден јасен фокус: да се прости со стил.
Бордова боја со златни детали, бела јака и златен грб на градите. Само дизајн што ја доловува елеганцијата на еден клуб што заминуваше од старото, но не забораваше кој е.
Дресот е изработен од лесен и квалитетен материјал, удобен за секојдневно носење и совршен за колекционери што ги паметат тие моменти. Ако Хајбери ти буди слики во глава, тогаш знаеш точно што значи ова парче.
-
Достава за 1 до 3 работни денови
-
Замена за поголема/помала големина.
-
Рефундација на парични средства