Skip to product information
Машки комплет тренерка тегет со зелени ленти - предна страна
1/3

Машки комплет тренерка тегет со зелени ленти

ден 2,500.00

Обратна комбинација од претходната — тегет како основа, зелени ленти преку рамената. Потемна е и посмирена, но со истиот спортски потпис на ракавите.

Горниот дел е во длабоко тегет, со панели во жалфија зелена што одат преку рамената и се спуштаат по надворешната страна на ракавите, каде завршуваат со две тенки бели ленти. Стоечка јака во тегет, патент до горе, два странични џеба со патент и ребрести манжетни. Долниот дел е во тегет со права ногавица. Материјалот е 65% памук и 35% ликра.

Комплет тренерка за кого сака темна основа, ама не сака да изгледа сосема неутрално. Зелената е доволно за да ѝ даде живот, без да ја претвори во нешто што ќе го носиш само дома.

  • Достава за 1 до 3 работни денови
  • Замена за поголема/помала големина.
  • Рефундација на парични средства

Може да ти се допаѓа и ова