Јувентус - Домашен Дрес 25/26
Нова сезона а Јувентус повторно со дрес кој воопшто не не изненадува. Кога ќе се спомне Италија доаѓаат две нешта на ум: фудбал и мода. Новиот дрес на Јувентус за сезонатa 2025/2026 е токму тоа. Црно-бели линии кои се класични, овој пат малку асиметрични инспирирани од италијанската мода.
Нијансите во розова боја — во грбот, логото на adidas и трите линии по рамената — се романтичен повик кон корените на клубот. Потсетуваат на оригиналните бои на Јуве од 1897 и носат слоевитост во дизајнот, без да ја нарушат јасноста.
TEAMGEIST јаката, добро позната од СП 2006, се враќа и додава доза на носталгија. А со AEROREADY технологијата, дресот е подготвен за носење и на терен и на улица – удобен, лесен и со стил.
Задолжително парче во твојата колекција на дресови од Јувентус.
Јувентус - Домашен Дрес 25/26
-
Достава за 1 до 3 работни денови
-
Замена за поголема/помала големина.
-
Рефундација на парични средства