Skip to product information
Машки комплет тренерка црно со сиви ленти - предна страна
1/3

Машки комплет тренерка црно со сиви ленти

ден 2,500.00

Црна тренерка со сиви линии на ракавите — најблиску до она што сите го бараат, а ретко го наоѓаат како треба. Чиста, темна, без непотребни детаљи, но со доволно линија да не изгледа како домашна.

Горниот дел е во целосно црно, со сиви меланж панели што одат преку рамената и се спуштаат по надворешната страна на ракавите, каде завршуваат со две тенки сиви ленти околу надлактицата. Стоечка јака, патент до горе, ребрести манжетни и појас. Долниот дел е црн, со права ногавица. Материјалот е 65% памук и 35% ликра — мек, густ и растеглив.

Црната скрива сè и оди со сè. Ова е комплет тренерка што можеш да ја носиш и во теретана и на пат, без да размислуваш како изгледаш.

  • Достава за 1 до 3 работни денови
  • Замена за поголема/помала големина.
  • Рефундација на парични средства

Може да ти се допаѓа и ова