Реал Мадрид - Гостински дрес 26/27
Зелен дрес на Реал Мадрид не се гледа често. Последен пат зелено се појави на гостинскиот дрес во сезоната 2012/13, во Лигата на шампионите, на грбот на Роналдо. За 26/27 зеленото се враќа – овој пат како главен гостински фудбалски дрес на клубот.
Основата е темнозелена, „Aurora Ivy“, а преку целиот дрес оди суптилна тонална геометриска шара инспирирана од грбот на клубот, со вткаен стилизиран „RMCF“ мотив. Јаката, манжетните и трите ленти на рамената се во боја на слонова коска. Прв пат на гостински дрес на Реал стои ретро Adidas Trefoil логото – детал што му дава луксузен, вечен изглед. Одзади шарата продолжува непрекинато.
Ова е дрес за навивачи што се носи и на трибина и надвор од неа – доволно елегантен за секој ден, доволно препознатлив за секој Мадридист. Достапен во детски и возрасни величини, со печат Мбапе.
-
Достава за 1 до 3 работни денови
-
Замена за поголема/помала големина.
-
Рефундација на парични средства